Торонто и Сан Антонио се пласираа во полуфиналето

Од:

Екипите на Торонто и на Сан Антонио ноќеска постигнаа победи во плеј офот од НБА лигата и со тоа изборија пласман во полуфиналето. Торонто како гостин забележа победа над Милвоки со 92:89. Малку недостасуваше Торонто да ја испушти предноста од 25 разлика (71:46) од средината на третиот период бидејќи Милвоки во финишот имаше минимална предност (80:78 и 82:80). Сепак на крајот Торонто ја постигна четвртата победа во серијата. Најефикасен кај победникот беше Де Мар Де Розан со 32 поена, додека на дуелот најпрецизен беше Јанис Антетокунбо со 34 поени. Во полуфиналето Торонто ќе игра против Кливленд.

Сан Антонио како гостин го победи Мемфис со 103:96 и оствари триумф од 4-2 во серијата од првото коло. Каваи Ленард и Тони Паркер беа најдобрите поединци кај „спарси“ Ленард постигна 29 поени, а Паркер 27. Најефикасен кај Мемфис беше Мајк Конли со 26 поени. Сан Антонио во полуфиналето ќе игра против Хјустон.

Резултат Источна Конференција: Милвоки – Торонто 89:92 (2-4 во победи).

Резултат Западна Конференција: Мемфис – Сан Антонио (2-4).

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот