Топ 12 „харизматични“ возила кои ги одбележаа 90-те

Од:

Кај најголемиот број денешни млади возачи некои нови автомобили тешко дека ќе предизвикаат адреналин, восхит и долги дискусии со пријателите.

Денес во време на хиперпродукција на многу класи и подкласи, многу нови модели за сечиј вкус, како и безброј главно трендовски безлични кросовери, тешко е да се биде вистински автомобилкси хит.

Ова од причина што спортските модели на денешното време користат спортски звук од звучник, лажни двојни издувни цевки…, а да не ги набројуваме сите трикови со кои се служат… Затоа и разбираме дека се губи интересот за автомобилите, а не пак лесно да се прави разлика дел некој модел е А4, А5, А6 или А8, „тројка“ или „петка“ или GLC, GLE, GLA…

Навистина, возилата никогаш не биле подобри и пософистицирани од денес, кога веќе станаа вистински играчки на четири тркала, кои со новите технологии ги мамат токму идните генерации на купувачи. На новите генерации возачи така им е поважно дали некој автомобил има УСБ во серијата, воодушевени се од камерите за паркирање, автоматското кочење, мултимедиуми од ваков или таков вид и поптирачи чувствителни на допир.

Но, кој би им судел, денес веќе толку не се гледа колку време на некое возило му треба да доситгне до 100 километри на част, како што беше пред некои 10 години, туку колку малку троши и колку ЦO2 испушта во атмосферата.

Покрај тоа, хибридните и електричните возила веќе се наше секојдневие, а се повеќе има сериозни автономни возила кои веќе денес возат сами. Во блиска иднина возилата ќе ни обезбедат преглед на основните податоци, секако на таблет, додека сами ќе не возат до работните места…

Тука се и бројните ограничувања, насекаде камери за брзина и високи казни за пребрзо визење, како и високи цени на горивата.

Така, автомобилите на денешните, а посебно на идните возачи им станаа како фрижидери, правосмукалки или машини за перење – мораш да го имаш и што помалку да размислуваш. Најдобро е автомобилот да вози сам…

По прашањето за дизајнот се игра главно на сигурно, а веќе долго никој не понудил нешто навистина ново. Поради тоа го вртевме филмот во можеби последните одлични години на автомобилизмот – 90-те години на минатиот век и побаравме 12 одлични примери на возила кои зрачеа со посебност, кои донесоа нешто ново, по кои се вртевме со главите и „кршевме вратови“, без разлика дали на некого му се допаѓале или не.

Главно, во 90-те имаше храбри примери на возила кои знаеја да изненадат и од кои некои веќе денес се класици. Секако, кога велиме легенди, притоа не мислиме на одделини култни изведби на модели како „Форд Ескорд РС Кросворт“, „БМВ Серија 8“, „Голф Р32„, „Рено Клио Вилијамс“…, туку на конкретни модели од кои некои доживеаја и милионски профити.

Кога ќе ја погледнеме оваа листа, факт е дека долго ниту еден автомобил не привлекол внимание, не се издвоил од групата или одредил некој нов тренд како овие 12 возила.

1. „Алфа Ромео 156“ (1997 до 2003)

2. „Ауди TT“ (1998 до 2006)

3. „Бе-Ем-Ве Зет-3 Купе“ (1995 до 1999)

4. „Циторен Екс-Ем“ (1989 до 1994)

5. „Форд Фокус“ (1998 до 2004)

6. „Фиат Мултипла“ (1998 до 2002)

7. „Мерцедес МЛ“ (1997 до 2005)

8. „Опел Тигра“ (1994 до 2000)

9. „Пежо 206“ (1998 до 2012)

10. „Рено Твинго“ (1992 до 2007)

11. „Тојота РАВ-4“ (1994 до 2000)

12. „Волво Ц70 Купе“ (1997 до 2005)

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ