Томас не ја затвора вратата за враќање во Бостон

Од:

Бекот на Лос Анџелес Лејкерс, Ајзеа Томас не ја негираше можноста да се врати во Бостон по крајот на сезоната. На Твитер, Томас беше прашан од навивачите дали е можно повторно да заигра за Селтикс следната сезона, по што тој одговори „сè е можно“.

Дваесет и девет годишниот кошаркар ќе биде слободен на крајот од оваа сезона. Тој се приклучи на Лејкерс во февруари, кога беше дел од договорот што ги испрати Лари Нанс Џуниор и Џордан Кларксон во Кливленд. Во летото минатата година, Кливленд го привлече Томас од Бостон, додека Каири Ирвинг им се приклучи на „келтите“.

Во дресот на Бостон, Томас ги одигра двете најсилни НБА сезони и освои место во Натпреварот на ѕвездите во 2017 година.

Во моментов во дресот на Лејкерс, Томас ја спроведува главно улогата на резерва во составот, но и покрај тоа, има солидни показатели – 15,9 поени и 5,3 асистенции по натпревар.

Освен Лејкерс, Кливленд и Бостон, Томас играше и за тимовите на Феникс и Сакраменто.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот