„Тојота“ за три години планира да промовира 10 електромобили

Од:

„Тојота“ планира до 2020 година да ја збогати својата палета со 10 модели на целосно електрични возила, што говори за се посериозниот пристап на јапонскиот производител кон овој автомобилски сектор што е во подем.

Корпорацијата „Тојота Мотор“ засега во своите понуди нема автомобили со чисто електричен погон, туку само хибридни возила.

Извршниот потпретседател на компанијата Шигеки Тераши изјави дека електромобилите на „Тојота“ пред се ќе бидат понудени на пазарот во Кина, која ја поддржува електромобилската индустрија со субвенции и други слични мерки. Потоа, електричните „Тојоти“ ќе се најдат и во Јапонија, Индија, САД и, секако, во Европа.

Се очекува до 2025 година секој модел на „Тојота“ да има своја електрична или хибридна верзија. Целата инвестиција ќе чини 1,5 трилиони јени (околу 13 милијарди долари).

Овој автопроизводител минатата недела најави и основање заедничка компанија за производство на автомобилски батерии со јапонскиот технолошки гигант „Панасоник“.

„Тојота“ денес продава околу 10 милиони возила годишно ширум светот.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска