„Тојота“ за прв пат „лексусот“ ќе го произведува во САД

Од:

Јапонската компанија „Тојота“ соопшти дека ќе почне со производство на возилата „лексус“ во САД, и дека ќе инвестира 360 милиони долари во една од своите фабрики во америкасната држава Кентаки.

Околу 50.000 возила од марката „лексус ЕС 350“ годишно ќе се произведуваат во оваа фабрика за американскиот пазар, а се очекува дека првиот автомобил ќе излезе од производната лента во 2015 година, рече претседателот и извршен директор на „Тојота“ Акио Тојода, на вчерашната прес конференција во Њујорк.

-Благодарение на овој потег ќе се отворат 750 нови работни места во фабриката во Џорџтаун, во државата Кентаки, рече Тојода и додаде дека оваа фабрика во моментов ги произведува моделите „тојота камри“, „авалон“ и „венза“.

Тоа ќе биде прв пат луксузниот модел „лексус ЕС“ седан да се склопува надвор од Јапонија, соопшти „Тојота“, а пренесуваат француските медиуми.

„Тојота“ во 1957 година почна со делување во Северна Америја и во моментов има 14 производни постројки во САД и Канада, каде вработува речиси 39.000 лица.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска