Јапoнскиoт производител на автомобили во Таџима, во централниот дел на земјата, отвори нова постројка за контрола на квалитетот на своите возила.
Центарот ќе служи и за обука на механичари, во чии рамки ќе се симулираат различни услови на возење, а се во рамки на настојувањата на компанијата да избегнат нови повлекувања на автомобили на вонреден сервис заради фабрички недостатоци.
Во Центарот ќе се симулираат 13 различни комбинации на услови на возење, со симулација на различни подлоги по кои возилата се движат.
Според претседателот на „Тојота“, Акиа Тојода, квалитетот на автомобилите мора да остане приоритет, особено кога компанијата во 2012 година повторно го зазеде првото место во светот според бројот на призведени возила.
Новиот центар ќе обучува 2.600 механичари годишно, со можност за зголемување на бројот на посетители на 4.800 годишно, сооопшти компанијата.
„Тојота“ има 120.000 обучени механичари ширум светот, а се очекува нивниот број да нарасне заради скок на продажбата на пазарите во нагорна линија.
Квалитетот на автомобилите на „Тојота“ се најде на удар по големото повлекување возила што почна во 2008 година. Од тогаш на вонреден сервис заради контрола ширум светот се повикани повеќе од десет милиони сопственици на возила на овој производител.
За сето тоа во иднина да се спречи „Тојота“ одлучи уште повеќе да се фокусира врз контрола на квалитетот на автомобилите.