„Тојота“ откри детали за светлата на новата „Корола“

Од:

„Тојота“ продолжува да ја скокотка мечтата на купувачите и објави нови детали од моделот „Корола“ што ќе биде претставен во четврток. Сега на ред дојдоа светлата и дел од предната маска.

Она што е најавено со концептот „Фуриа“, сега се остварува – „Тојота“ се откажува од помалку досадниот дизајн и се одлучи за малку посмела линија.

Се верува дека новиот модел ќе стигне со унапреден 1,8-литарски четирицилиндарски агрегат, што ќе има шестстепен менувач, но ќе има опција и со „праисторискиот“ четиристепен менувач за послабите верзии.

ЦВТ ќе биде тука за „премиум“ варијантите. Новата „Корола“ треба да стигне во продавниците до крајот на годината.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on