Тојота највреден автомобилски бренд во светот

Од:

Јапонскиот производител на автомобили Тојота се врати на првата позиција на листата највредни автомобилски брендови во светот со 24.5 милијарди долари, надминувајќи го германскиот БМВ, кој е проценет на 24 милијарди долари.

Листата „Брендз Топ 100“ во автомобилската индустрија е еден од најдобрите индикатори за состојбата на компаниите на светско ниво и во голем степен може да влијаат на продажбата на некои модели.

Тојота изминатата година оствари раст од 12 проценти, додека вредноста на БМВ се намали за 2 отсто и за првпат од 2010 година ја изгуби титулата највреден автомобилски бренд во светот.

Според проценките успехот на Тојота се должи првенствено на пазарот на хибридни возила, додека истовремено ВМВ забележа доста загуби на европскиот пазар.

Листата на највредни автомобилски брендови за 2013 година е следната. На прво место е Тојота со 24.5, следат БМВ со 24, Мерцедес со 18, Хонда со 12.4, Нисан со 10.2, Фолксваген со 8.8, Форд со 7.6, Ауди со 5.5, Хјундаи со 4 и Лехсус со 3,5 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on