Производителот на возила Тојота ќе инвестира во проект за изградба на фабрика во Мексико милијарда долари со што ќе се овозможи вработување на 2.400 луѓе.
Фабриката што ќе биде сместена во сојузната држава Гванахуато во централниот дел од Мексико,ќе произведува годишно по околу 200.000 возила.
Од 2019 година во тој комплекс ќе се произведува компактното возило Корола, наменето за северноамериканскиот пазар.
Тојота е единствениот производител на возила што досега не произведувал патнички возила во Мексико, држава која нуди двојна предност за странски инвеститори – ниски трошоци за работа и без царина за извоз во САД. Се очекува оваа недела Тојота да најави и изградба на фабрика во Кина.