„Тојота“ ја затвора својата фабрика во Австралија

Од:

Јапонскиот производител на моторни возила „Тојота“ денеска ја затвора својата фабрика во Мелбурн, каде се произведуваа автомобили повеќе од 50 години, јави ДПА.

Ова ќе доведе до затворање на 2.600 работни места. Министерот за индустриско производство на државата Викторија, Вејд Нунан изјави дека денеска е „ужасно тажен ден” и „крај на една ера во производството” во државата.

Слични зборови употреби и синдикалниот лидер Дејв Смит, кој рече дека ове е „многу трагичен ден за Викторија, бидејќи го означува крајот на автомобилската индустрија”.

Тојота, која започна со производство на автомобили во Австралија во 1963 година, е вториот производител на автомобили што ги затвори своите капацитети во земјата во изминатите две години. „Форд” стави крај на своето производство минатата година откако работеше во Австралија 91 година.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Експлозија во фабрика на Тојота во Болоња – најмалку едно лице загина, три се повредени

А1он

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on