Тојота иРоуд – градско концепт возило

Од:

Јапонскиот производител на автомобили „Тојота“ на Саемот во Женева го претстави новиот „иРоуд“ концепт на флексибилна форма на градско возило.

Концептот е замислен како совршено превозно средство за две лица во градскиот сообраќај со електрична батерија, кој има автономија на движење од 50 километри и „АктивЛин“ технологија, која според компанијата е безбедна и забавна за возење.

Целна група на „иРоуд“ се лица кои бараат нешто поудобно и побезбедно од мотоцикл со еднакво мала потрошувачка.

Револуционерната „АктивЛин“ технологија е основна за ставилноста, безбедноста, удобноста и забавниот карактер на иРоуд.

Системот се состои од иницијатор на наклон, кој се наоѓа над предната суспензија и го контролира наклонот на тркалата врз основа на аголот на вртење и брзината на возилото.

иРоуд има три тркала, должина од 2.35 метри и висина од 1.4 метри, додека широчина од само 85 сантиметри. На едно обично паркинг место може да собере четири вакви возила.

Електричниот погон се состои од литиум-јонски батерии кои придвижуваат два мотори на предните тркала од по 2 киловати. Полнењето трае три часа во домашни услови.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on