„Тојота“ во понудата за моделот „Хилукс“ ќе ја вброи и новата верзија со ознаката „Invevncible“ (непобедлив), збогатен со нови естетски и функционални соддржини.
„Хилукс“ во текот на 46 години постоење со својот квалитет, трајност и доверливост стекна углед ширум светот, што го потврдува и бројот од 15 милиони продадени примероци.
Новите трендови на пазарот условија од ова пик-ап возило да се бара да задоволува различни животни потреби на своите сопственици, што значи дека тоа нема само работна улога. Заради тоа „Тојота“ одлучи со комбинација на атрактивни елементи на „Хилукс“ да му додаде нова димензија со повеќе удобност и стил.
Понудата е проширена со нова верзија наречена „Invevncible“, која е достапна со Extra Cab ili Double Cab каросерија, во Актив или Спорт пакетите со опрема.
„Непобедливиот Хилукс Актив“ го карактеризира заштита на праговите од оштетувања на тешките терени, хромирани всисни отвори за воздух, хромирани предни светла за магла како и рамки за задните светла и ознаката „Invevncible“ на вратите.
Новиот, целосно црн ентериер е вклопен со бојата на седиштата од црна ткаенина.
Останатите додатоци во внатрашноста го опфаќаат наслонот за раце, кожената паркирна запирачка, светлосивата облога на „небото“, како и „Invevncible“ брендираните лајсни на праговите.
„Непобедливиот Хилукс Спорт“ го карактеризираат хромирани украсни цевки со опцијата на нова хард-топ прекривка на багажникот, хромирани странични лајсни, нови 17 инчни алуминиумски фелни во две нијанси, како и црни кожена седишта.