Тојота го најави првиот сериски автомобил на водород

Од:

Јапонскиот производител на автомобили „Тојота“ подготвува нова револуција во светот на автомобилите. Пред 16 години го претстви првиот сериски хибриден автомобил „Приус“, а сега го подготвува и првиот сериски автомобил придвижуван од водородни горивни ќелии.

Тојота новиот автомобил, што претходно беше претставен како концепт „ФЦВ-Р“ официјално ќе го претстави во ноември на Саемот на автомобили во Токио.

Компанијата истакнува дека изминатите неколку години има драстичен пад на трошоците за развој на технологијата на горивни ќелии. Самата издржливост и доверливост на технологијата бележи правопропорционален раст со примената на револуционерни технолошки решенија.

Се очекува новиот сериски водороден модел на Тојота да има цена што ќе се движи во рамките на БМВ од високата средна класа или Тесла Модел С.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on