„Тојота“ го чува тронот и покрај падот во продажбата на возила во 2015

Од:

Јапонската компанија „Тојота“ во 2015 година продала 10,15 милиони автомобили ширум светот и на тој начин го задржа приматот на автомобилскиот пазар пред групацијата „Фолксваген“ и „Џенерал Моторс“ (ГМ).

Иако во 2015 година испорача за 0,8 отсто помалку возила отколку во 2014 година „Тојота“ веќе четврта година по ред „им бега“ на најблиските ривали во трката за производител „број 1“ во светот.

„Фолксваген“, компанијата што во првата половина на 2015 година се закануваше дека ќе ги престигне Јапонците, забележа пад во продажбата од два отсто (9,9 милиони продадени автомобили) главно заради септемврискиот дизел скандал и се наоѓа на втора позиција. На послабиот резултат на германскиот концерн влијаеше и забавувањето на кинескиот пазар на автомобили.

Трета компанија е американскиот „Џенерал Моторс“ со 9,8 милиони продадени возила во 2015 година. Оваа компанија е единствената од големата тројка која во годината зад нас забележа раст на испораките, иако за само 0,2 отсто.

Би можело да ве интересира

Давидовски ја стартува петтата сезона во ТЦР Европа

Ана Ололовска

Седан верзијата на „Пасат“ заминува во историјата

А1он

На патеката кон Пониква се возеше втората трка од Државниот шампионат во автомобилизам

Ана Ололовска

Ристо Вуков Рико и Халк Осигурвање – пријателство кое продолжува и во 2021

Ана Ололовска

Давидовски: Подобри сме од лани, но нашата цел е повисока

Нашиот автомобилист Ристо Вуков – Рико ја вози првата трка од купот Порше Карера Италија

Жарко Настоски