„Тојота“ е најдобриот глобален еколошки бренд во 2013 година

Од:

„Тојота“, во годинешниот извештај на „Најдобри глобални еколошки брендови“, издаден од страна на агенцијата Интербранд, трета година по ред ја потврди својата водечка положба.

Вторто место го зазеде „Форд“, а третото „Хонда“. Интербранд, во рамки на извештајот „Најдобри глобални еколошки брендови“ (bestglobalgreenbrands.com), ја дефинира разликата меѓу перцепцијата на корисниците и перформансот на брендот кога станува збор за одржливиот развој.

Со оваа методологија, над 10.000 испитани корисници ширум светот ја препознаа „Тојота“ не само како еколошки лидер, туку и како компанија која инвестира во иновативни производи, како возилата со хибриден погон, чиј најистакнат претставник е моделот „Приус“.

Ширум светот до сега се продадени 5,22 милиони „Тојота“ и „Лексус хибрид“, што како резултат има проценото намалување на емисиите на ЦО2 од околу 35 милиони тони.

„Тојота“ во моментов е во процес на тригодишен циклус на лансирање производи, што има за цел претставување на 21 нов или подобрен хибриден модел до крајот на 2015 година.

Купувачите во Европа сега можат да избираат меѓу 12 „Тојота“ и „Лексус“ хибридни модели, а моментално продажбата на овој вид возила чини 18 отсто од вкупната продажба на компанијата „Тојота Мотор Еуропе“.

Исто така, во текот на 2015 година „Тојота“ планира да ги опреми своите хибридни возила со систем за водордни горивни ќелии од новата генерација, со што ќе се приближи кон она што компанијата го смета за „ултимативен еколошки автомобил“.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска