„Тојота“ набрзо може да стане првата автомобилска компанија што во една година произвела повеќе од 10 милиони моторни возила.
Според пишувањето на британските медиуми, оваа цел може да се достигне веќе во токот на 2013 година, благодарение на ослабениот јен и зголемената побарувачка на возилата со хибриден погон во Јапонија.
Од вкупниот број, 3,3 милиони модели ќе бидат произведени во домашните фабрики на оваа јапонска компанија.
Достигнувањето на волшебниот број од 10 милиони автомобили нема да претставува големо изненадување за оние кои ги следат случувањата во автоиндустријата, имајќи го предвид фактот дека „Тојота“ беше блиску до оваа цел и во 2012 година, но ја заврши со 9,9 милиони произведени возила.