Тодоров: Натпреварот го загубивме во првото полувреме

Од:

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје е во серија слаби резултати откако вчера го загуби и првиот натпревар од домашната лига дуелот со Карпош Соколи на домашен терен со 85:83. Тренерот на „металците“ Александар Тодоров уште еднаш слабата одбрана ја потенцираше како причина за поразот.

– Натпреварот го загубивме во последните пет минути од вториот период, односно во првото полувреме. Немавме решение за нивните шутеви за три поени на високите играчи. Прикажавме лоша игра, без никаква желба за победа. Најчесто екипа со 80 и повеќе постигнати поени победува, ама тоа не важи за нас. Слично беше со Задар во АБА лигата, изјави Тодоров.

Во таборот на ланскиот финалист од плеј офот задоволство по гостинскиот триумф над првакот.

– Очекувавме тежок натпревар, а одигравме според договорот и стигнавме до победа. Подолг период бевме без официјален натпревар и затоа добро е што победивме, изјави тренерот на Карпош Соколи Борче Даскаловски.

Во второто коло од домашната лига Карпош Соколи утре е домаќин на Струмица, додека МЗТ Скопје на 18. октомври годтува кај тимот на Шкупи.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Црвена звезда поразени од Цедевита Олимпија во 22.коло од АБА лигата

Тежок пораз на Црвена звезда од Баерн Минхен: Баварците сурово се одмаздија

Горан Наумовски

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски