Титулата во Лигата на шампиони на ФИБА за Тенерифе

Од:

Кошаркарите на Тенерифе (Шпанија) го освоија пехарот во ФИБА Лигата на шампионите откако синоќа во финалето на „фајнл фор“ турнирот го победија Банвит од Турција со 63:59. Натпреварот во целиот тек беше изедначен и нијанси го решија победникот, а Тенерифе ја искористи и предноста на домашен терен.

На клупата на турскиот тим Банвит без пехарот останаа тренерите Македонци Сашо Филиповски и Бобан Митев.

Најефикасни кај победниот беа Мариус Григонис со 18 поени и Девин Вајт со 14, а кај Банвит Џордан Теодор постигна 17 поени, а ја доби и наградата за најкорисен играч на првото издание на Лигата на шампионите.

Во дуелот за третото место француската екипа Монако ја победи Венеција од Италија со 91:77.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Црвена звезда поразени од Цедевита Олимпија во 22.коло од АБА лигата

Тежок пораз на Црвена звезда од Баерн Минхен: Баварците сурово се одмаздија

Горан Наумовски

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски