Репрезентацијата на Бразил синоќа ја победи Аргентина со 1:0 со голот на Миранда во третата минута од судиското надополнување. Бразилскиот селектор Тите рече дека неговите избраници ја заслужија победата.
– Точно е дека Аргентина создаде шанси, се обиде да победи, но Бразил беше подобар. Тимската работа беше наградена со цел. Стрелецот на победничкиот гол Миранда можеше да постигне гол и порано, но тој реализира на крајот. Ние бевме фокусирани на мечот и заслужено победивме, изјави Тите.
Натпреварот беше со пријателски карактер и се одигра на неутрален терен, во Џеда, Саудска Арабија.