Тите останува на чело на Бразил

Од:

Селекторот на Бразил, Тите останува на функцијата уште четири и пол години, откако ќе го води тимот и на Светското првенство во Катар во 2022-та година, ако се рангира таму. Ова беше објавено денеска од страна на Фудбалската конфедерација на земјата. Бразил отпадна во четвртфиналето на Светското првенство во Русија ова лето од силниот состав на Белгија.

– Федерацијата одлучи да даде почеток на еден нов проект, доделувајќи рок од шест и пол години на техничкиот комитет, кој е одговорен за националниот тим. Ние веруваме, но и исто така внимателно ќе ги следиме процесите, бидејќи очекуваме резултати, соодветни за имиџот на бразилскиот фудбал, се вели во изјавата на Рожерио Каболко, кој е извршен директор задолжен за развој на фудбалот во Конфедерацијата.

Тите го презеде тимот во 2016 година, кога Карлос Дунга започна многу лошо. Но, поранешниот менаџер на Коринтијанс многу брзо го крена јужноамериканскиот гигант на нозе и со серија од девет последователни победи ги рангира за СП 2018.

Иако беа фаворити за титулата, „Селесао“ така и не успеа да одигра добар натпревар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Парагвај ја изненади Аргентина, Винисиус промаши пенал за победа на Бразил

А1он

ВИДЕО: Бразил елиминиран, познати се полуфиналистите на Копа Америка

Тите заминува и не може да се помири: Шутнаа само еднаш

ВИДЕО: Бразил е во осминафинале, со триумфот над Швајцарија одигра и за Србија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Србија потклекна пред Бразил

Атлетико Минеиро бразилски шампион по пауза од 50 години

Ана Ололовска