Тина Мазе на фантастичен начин ја отвори новата сезона во Светскиот куп во алпско скијање.
Словенечката скијачка по 10 трки има освоено 677 бодови, а според порталот MMC, тоа е најдобар старт на некоја скијачка во историјата на Светскиот куп.
Ваквото доделување на бодови и рангирање е воведено во сезоната 1991/1992. Мазе го надмина рекордот на Германката Катја Зајцингер, која во сезоната 1997/1998, во првите 10 трки освои 643 бодови.
На вечната листа трета е Александра Мајсницер од Австрија со 625 бодови, додека четврта е Линдзи Вон, која минатата сеозна на првите 10 трки освои 599 бодови.