Најдобрата словенечка скијачка на сите времинња Тина Мазе денеска соопшти дека ќе отсуствува подолг период, а можно е ова да значи и крај на нејзината кариера.
-Чувствувам дека ми треба подолг одмор од скијањето. Исцрпена сум и физички и ментално и затоа одлучив да паузирам една година од сите натпреварувања, а потоа ќе решам дали ќе се вратам на скијачките патеки, изјави 32-годишната Мазе.
Таа во 2013 година го освои кристалниот глобус, има две олимписки и четири светски злата.
Оваа сезона првото место во Светскиот куп го загуби по голема борба со Ана Фенингер.