Германскиот репрезентативец Тимо Вернер го напушта Челси и се враќа во Лајпциг. Двата клуба ги договориле деталите за перманентен трансфер, но сумата се уште не е обелоденета во јавноста.
Вернер играше одлично во дресот на Лајпциг и тоа беше препорака за негов трансфер во Премиерлигата. Челси успеа да го добие неговиот потпис во трката со Ливерпул, но на крајот излезе дека тоа е големо промашување. Тој не успеа да ги оправда вложените средства.
Ова лето и Јувентус сакаше да го добие на позајмица, се споменуваше и меѓу кандидатите за ново засилување на Реал Мадрид, но на крајот тој ќе се врати во неговиот претходен клуб Лајпциг.
Извор: Топспорт