Тежок испит за Металург против Вестпрем

Од:

Македонскиот шампион Металург го очекува тежок испит против фаворизираниот Вестпрем во дуел од регионалната ракометна СЕХА лига.

Избраниците на Лино Червар кои се на шестото место на табелата, ќе треба да се надминат себеси и проблемите со кои се судруваат во последните 30-тина дена, доколку сакаат да направат изненадување и на унгарскиот шампион да му го нанесат првиот пораз сезонава во СЕХА конкуренцијата. Гостите од Унгарија на досегашните десет средби во регионалното натпреварување имаа исто толку победи.

Дуелот Металург – Вестпрем е во рамките од 12.коло, а ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски’’ со почеток од 19 часот.

Потсетување вториот македонски претставник во СЕХ лигата, Вардар вчеравечер пред својата публика го совлада Борац од Бања Лука со 31:26.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он