Новиот основен модел „С“ на комапнијата „Тесла“ ќе има батерија од 70 кWх, повеќе сила и поголема автономија во возењето.
Досегашната базна верзија имаше батерија од 60 кWх и радиус на движење од околу 335 километри.
Унапредениот модел доби уште еден мотор и погон на сите четири тркала, па вкупната сила сега изнесува 514 кс, а максималната брзина 225 километри на час.
Од 0 до 96 километри на час (0-60 милји на час) „Тесла С 70Д“ стигнува за 5,4 секунди.
Вградена е и нова батерија од 70 кWх, така што автомобилот со едно полнење може да мине околу 386 километри.
Унапредувањата го условија и растот на цената на базниот модел, од 71.070 на 76.170 долари, колку што чини „Тесла С 70Д“ пред да се одбијат субвенците за еколошки прифатливи возила.