Американската компанија „Тесла Моторс“ од својата интернет страница во Кина го отстрани зборот „автопилот“ и кинескиот израз за зборот „самоуправувачки“, откако еден возач после сударот во нивно возило се пожалил дека оваа компанија ги преувеличила можностите на функцијата автопилот и ги измамила купувачите.
Како што јавуваат британските медиуми, возачот претходно овој месец имал судар во Пекинг, откако неговиот автомобил не успеал да избегне возило паркирано од левата страна, а било делумно на коловозот, заради што биле оштетени двете возила, но за среќа во несреќата немало повредени.
Ова е прв познат случај на ваков судар во Кина, што доаѓа по фаталната несреќа на Флорида од почетокот на оваа година, а која го засили притисокот врз првите луѓе на автомобилските компании и регулатори да ги заострат прописите во врска со автоматското возење.
– Ное во „Тесла“ постојано работиме на подобрувањата. Со недели сме во процес на решавање на разни јазички неусогласености. Тајмингот нема никаква врска со актуелните настани или написи, изјави портаролот на „Тесла“ во електронската порака за британските медиуми.