На Јутјуб се појави видео, снимено во близина на калифорнискиот град Пало Алто, на кое е прикажан последниот електричен модел на „Тесла Моторс“ за време на тестирање на автопат.
Имено, прототипот на „Модел 3“ на „Тесла“ во мат црна изведба е „уловен‟ при тестирање на автопатот во близина на седиштето на компанијата.
Како што се гледа на видео, прототипот на себе не поседува некои драстични промени во однос на изгледот од премиерата, која се одржа на почетокот на годината.
Дизајнот на новиот електричен автомобил, кој покрена мала револуција во размислувањето на купувачите, но и кај производителите на возила, треба да биде финализиран во наредните месеци.
Продажбата треба да почне во текот на летото 2017 година, а за да се постигне тоа „Тесла“ инвестираше дополнителни 1,7 милијарди долари.
Својот примерок на „Модел 3“ вече го очекуваат над 400.000 купувачи, кои возилото го порачаа уште пред да биде претставен неговиот изглед и спецификациите.