Ракометарките на Вардар ја забележаа втората победа во Лигата на шампионките.
На гостувањето во Копривница, Хрватска, македонските шампионки ја победија Подравка со 27:26, полувреме 13:11.
До триумфот црвено-црните ги предводеше одличната Нина Суслина која имаше 16 успешни одбрани. Во нападот, Андреа Лекиќ постигна 7, а Андреа Пенезиќ 6 гола.
Веќе следната недела (9 ноември) во Скопје, Вардар и Подравка ќе го одиграат вториот меѓусебен дуел.
Во првиот натпревар од Б групата, екипата на Будуќност на гости во Германија го победи Турингер со 27:22.
На табелата води Будуќност со 6 бодови, пред Вардар кој има 4, Турингер 2, а Подравка е сеуште без освоен бод.