Вториот СУВ модел во гамата на чешкиот производител на автомобили премиерата ќе има во октомври 2016 година, дознава „WorldCarFans“, повикувајќи се на извор од компанијата „Шкода“.
Возилото, за кое специјализираните медиуми за автомобили претпоставуваат дека ќе ја има ознаката „Snowman“, ќе биде поставено на продолжената верзија на универзалната MQB платформа на „Фолксваген“.
Автомобилпт во гамата на „Шкода“ ќе ја заземе позицијата над СУВ моделот „Yeti“, а во кабината ќе има место за седум лица.
Силата на моторот стандардно ќе се пренесува на предните тркала, а како опција во понудата ќе биде и погонот 4х4.
Палетата погонски агрегати ќе ја сочинуваат и актуелните бензински и дизел мотори позајмени од возилата на групацијата „Фолксваген“, што ќе бидат впарени со шестбрзински мануелен менувач или ДСГ автоматик.
Очекувањата се дека новиот СУВ ќе се израбортува во фабриката Квасини, во Чешка.
По премиерата во Париз, автомобилот во продажните салони треба да стигне до крајот на 2016 година.