Сите тие кои ги следат трендовите во автомобилската индустрија и тоа како добро знаат дека во денешно време автомобилот покрај превозно средство стана и статусен симбол, па често и моден детал. Тоа по правило не е лошо, но кога целата приказна ќе се погледне малку подлабоко, работите стануваат страшни.
Последните години голем број производители на автомобили на пазарот пристапуваат исклучително активно, па од година во година се измислуваат нови класи и категории на автомобили, а со самото тоа и модели кои се наоѓаат внатре во тие нови и често на сила измислени класификации. Но, тоа не е цела приказна за проблемите, бидејќи освен тие нови класи и категории производителите ги редизајнираат актуелните модели и на пазарите нудат нови генерации на некои модели, што во денешно време стана помалку хаотично.
Тие нови генерации на актуелни модели секогаш ги следат некои нови технолошки модели и ги почитуваат нормативите поврзани за некои пазари, што пак исто така е во ред. Но, реално гледано, производителите во целата таа смисли-пласирај-продади приказна, пристапуваат помалку мегаломански.
… И токму тука настануваат проблемите…
Имено, бидејќи светот го тресат војни, кризи, криминал на разни државници, инфлацијата и целата останата сила на влијание на пазарите, купувачите на нови модели едноставно ги преполови.
Цените на автомобилите од година во година растат, а глобалните трендови денес кажуваат сосема понаква приказна од таа од почетокот на 21 век, кога просечен човек купувал нов автомобил секои 18 месеци. Дури, денес некои статистики зборуваат за тоа дека просечниот век на траење на сопственоста над нов автомобил е речиси пет години. Тоа само по себе и не е некој проблем, но кога ќе се погледне просечне производител на автомобил и целата сила на моделите и варијациите кои се исфрлаат на пазарот, приказната секогаш оди на полошо.
Покрај сите трендови кои ги подразбираат новите класи и категории на автомобили, константното измислување на редизајни и нови генерации на некои моедли, како и поради надворешните влијанија кои и тоа како влијаат на потенцијалните купувачи, ни застапниците не се весели. Причините за тоа пред се лежат во квотите кои секој концесионер на некоја марка мора да ги исполни во текот на годината, бидејќи ако не се случи тоа, истиот го губи застапништвото, а тоа потоа се одразува на уште мал милион сегменти во општеството, од економските до тие социолошките.
На пример, ќе се сетите дека пред некоја година две, одеднаш на пазарот за Такси услуги накусо се појави т.н. ORYX Taxi. Препознатливоста на таа компанија беше пред се во бели автомобили со жолти назнаки, како и со цените кои во споредба со конкуренцијата на тоа поле, излегуваа смешни. Но, има уште една ставка во таа приказна која и тоа како е препознатлива, а тоа се одбраните модели марка Фолксваген, кои за чудо денес се паркирани на полигонот на центарот ORYX на Мичевац кај Загреб и како флота повеќе не служат за ништо.
Се прашувате како е тоа можно? Одговорот не може да биде поедноставен.
Имено, Зубак-Група, која е дел од групата ORYX веќе 30 години работи на домашниот пазар во сегментот за продажба на автомобили од групацијата V. A. G. Едно време сето тоа беше прекрасно бидејќи Шкода и Фолксваген ги возеа речиси сите државни служби, додека своите газиња на топлите седишта на некои модели од марката Ауди ги возеа главно од државните функционери. Со стамото тоа, наведената група немаше никакви проблени со пласманот на автомобилите на домашниот пазар, па продажбата од година во година растеше. Но, како што на се еднаш доаѓа крајот, така и групацијата Зубак во еден момент се најде во проблеми, бидејќи квотите поврзани за продажбата на нови автомобили ни приближно не беа исполнети. Поради тоа, екипата внатре во таа компанија во манир на професор Балтазар мислеше, мислеше и конечно смисли Такси служба, која требаше да придонесе за зголемување и исполнување на квотите и светот повторно да го направи розев.
Толку за тоа…
Е сега… да не ме сфати некој погрешно, немам ништо против тоа, бидејќи работата треба да се штити по секоја цена, па поради тоа и ваквите потези можат да се оправдаат без никаков проблем. Но во однос на темата на овој текс, Зубак групацијата исто така според статистиката денес стана веќе глобален тренд на складирање на автомобили кои всушност немаат купувачи, па со самото тоа настанаа проблеми, како стотици застапништва на разно разни марки на автомобили во Хрватска.
Секако дека околу овој проблем сите молчат и во јавноста пласираат весели податоци за зголемена продажба во одредни квартали, но фактичката состојба е многу поинаква од тие презентации на материјалната состојба на работите.
Всушност, она што се случува може да се опише на следниот начин:
– производител претставува нов модел
– моделот се пушта во продажба
– застапникот порачува одреден број примероци од тој модел
– примероците се продаваат
– производителот претставува редизајн на наведениот модел
– застапникот порачува одреден број примероци од моделот
– моделот се продава побавно, послабо, па на паркингот останува одреден број на примероци кои не се продадени
– производителите претставуваат втора генерација на тој модел
– застапникот ја спушта цената на актуелниот модел и порачува одреден број примероци на новата генерација, наспроти примероците од минатата генерација кои не се продадени на крајните купувачи.
– дел од примероците на новата генерација на модели се продава, но дел се придружува на примероците од минатата генерација кои не се продадени
– производителот претставува нова генерација на моделот
– застапникот нема место за паркирање на примероците од новата генерација на моделот
– настанува хаос и автомобилите се трупаат од месец во месец
– изнајмува простор за паркирање на примероците на автомобили кои не стигнале до крајните купувачи
– бројот на автомобилите и понатаму се зголемува
– производителот претставуваарт нова генерација на моделот
– …
Главно, ваквиот тренд на производството на автомобили во текот на минатата година на ниво на ЕУ резултираше со околу 3 милиони автомобили кои наместо да бидат купени, едноставно стојат и пропаѓаат на повеќе стотици паркинзи во цела Европа, од кои најголемиот број е сместен на подрачјето на Велика Британија.
Покрај веќе наведените причини на тоа трупање на автомобилите, вреди да се додадат и тие кои ја држат цената од година во година поради економските фактори и кои се се повеќе, како и наспроти се што се случува со финансиската состојба на купувачите. Секако дека со самото тоа почнуваат да се нервираат и еколозите кои наместо прекрасни зелени површини покрај некои авионски бази и слични делови на пејсажи создадени од човечка рака, гледаат во куп разнобојни канти од лим. Секако дека фановите на шуми и пливање со делфини поради тоа хронично се луди на грчко-латинскиот поим кој на авто-ентузијастите во светот толку многу им значи и со самото тоа ниту малку не е чудно што еколошките норми секоја година се се построги и построги.
Но колку и да се тие строги, овој тренд на константно буткање на пазарот дури и на тие автомобили кои не вредат ни десетина од она што за нив се бара, никако не престанува. Дури, од ден на ден се зголемува, но од некоја причина медиумите за тоа не пишуваат, на телевизија не се зборува за тоа и тие кои можеби и можат нешто да направат едноставно вртат глава од проблемите и ги следат веселите статистики кои им ги гарантираат платите на работниците во некои фабрики на полето на производство на автомобили.
Со самото тоа целата приказна всушност е затворен круг на кој му нема крај, па ни почеток, бидејќи околу оваа тематика едноставно сите тие кои треба да апелираат на некој вид на решение, константно се прават глупи. Прашање е само до кога сите заедно ќе можеме да го игнорираме овој тренд кој е актуелен веќе со години и кој нема тенденција да запре.
automobili.hr