Тандемот од Ефес ја избра репрезентацијата пред Евролигата

Од:

Тандемот кошаркари од Анадолу Ефес, за разлика од играчите од нивниот ривал Фенербахче, решија да играат за турската репрезентација во претсојните квалификации за Светското првенство во Кина 2019 година.

Доуш Балбај и Биркан Батук, ќе му се стават на располагање на селекторот Уфук Сариџа за претсојните дуели против Летонија и Украина, на стартот на Мундијалските квалификации.

Играчите на Анадолу Ефес потврдија дека од клубот им дозволиле да одберат дали ќе играат за репрезентацијата на Турција или ќе настапат на натпреварите во Евролигата, а тиа пак решиле да ја одберат Турција.

Несогласувањата кои ги имаат Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) и Евролигата (ЕКА) за квалификациските репрезентативни настапи на играчите, кои се членови на тимовите кои играат во Евролигата, се топ тема деновиве во речиси сите европски земји. Дел од федерациите решија одлуката да им ја остават на самите играчи, од друга страна и клубовите пред се од Турција и Русија почнаа да го прават истото.

Но, за разлика од играчите на Анадолу Ефес, нивните конкуренти од Фенербахче кои се и побројни и далеку позначајни во составот на Сариџа, пред неколку дена со заедничко соопштение потврдија дека нема да играат за Турција поради обврски во клубот.

Станува збор за цела петорка и тоа Мелих Махмутолу, Синан Ѓулер, Боби Диксон, Бариш Харшек и Егехан Арна, играчи на кои не ќе може да смета Сариџа во дуелите против Латвија (23 ноември) во Анкара и Украина (26 ноември) во Киев.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ