Тандемот Гонзалез-Дејвис уште две сезони во Вардар

Од:

Шпанскиот тренерски тандем Раул Гонзалез Гутиерез и Давид Дејвис Камара и во следните две сезони ќе бидат на клупата на македонскиот ракометен шампион Вардар.

Гонзалес како главен тренер, а Дејвис како негов помошник, продолжуваат на своите функции на кои беа и претходните три сезони, ова меѓу другото пишува на официјалната интернет страни на РК Вардар.

– Со нашите тренери уште по завршувањето на сезоната имавме договор за продолжување на соработката. Сега, на почетокот на подготовките само ги конкретизиравме деталите. Тие ќе останат дел од клубот уште најмалку две сезони. Секако дека сме задоволни од досегашната соработка. Трипати стигнавме во четврт-финалето на ЛШ, ја освоивме СЕХА лигата и плус бевме финалисти, и ја одбранивме двојната круна во домашното првенство. Тоа се доволни препораки за останување и заеднички обид да се направи нов чекор напред во сезоната што доаѓа. Вардар секогаш има високи спортски цели и веруваме дека овој стручен штаб може да ги оствари, се вели во изјавата на Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.
Црвено-црните од вчера се во Словенија каде во рамките на подготовките ќе одиграат две пријателски средби со екипата на Горење (на 6 и 10 август).

До стартот на новата сезона во Лигата на шампионите, вардарци ќе настапат на уште неколку силни меѓународни натпревари, а како и изминатите така и оваа сезона главна цел ќе биде висок пласман во Лигата на шампионите и конечно учество на завршниот турнир.
Разбирливо нема да бидат занемарени и обврските во регионалната СЕХА лига, како и на домашната ракометна сцена.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ