Практично непознатата компанија „Тесла моторс“ за само неколку години постигна огромен успех на автомобилскиот пазар благодарение, пред се, на луксузната електрична лимузина, моделот „С“.
Во моментов, истиот рецепт се обидува да го примени и комплетно новиот производител на електромобили од Тајван – „Тандер Пауер“.
Оваа неодамна формирана компанија го избра саемот во Франкфурт за на автомобилската јавност да и го претстави својот прв модел на електричен погон. Иако сите детали за возилото се уште не се познати, во медиумите веќе го карактеризираа како можен ривал на моделот „С“ на компанијата „Тесла“.
Првиот цртеж, со кој „Тандер Пауер“ ја најавува светската премиера на својот електромобил, открива дека е во прашање лимузина чија предна маска и спуштена хауба изгледаат како кај спортските автомобили, а на скицата се гледа и големиот панорамски стаклен покрив.
За погон е употребен електричен мотор со 435 кс (320 кW), што на возилото му овозможува од 0 до 100 километри на час да стигне за помалку од пет секунди, додека максималната брзина изнесува 250 километри на час.
Меѓутоа, тоа што е уште поважно за автомобилот на електричен погон е автономијата во возењето, која според зборовите на луѓето од тајванската компаније изнесува дури 600 километри со едно полнење на батеријата.
„Тандер Пауер“ најавлува дека овој модел на европскиот пазар ќе пристигне во 2017 година и дека ќе се продава по почетна цена од околу 56.000 евра.