Норвежанецот Алекс Лунд Свиндал е победник на спуст трката од Светскиот куп одржана во Вал Гардена.
Свиндал и по третпат беше најдобар сезонава во најбрзата дисциплина во алпско скијање. Ветеранот денеска забележа време од 1:54.80, што беше доволно да ги остави зад себе конкурентите Гулјемо Фајед од Франција кој заостана 43, односно сонародникот Кјетил Јансруф за 46 стотинки кој заврши на третата позиција.
Свиндал е водечки во Генералниот пласман и има максимални 300 бода, 110 повеќе од Фајед.
Воедно Норвежанецот го презеде лидерското место и во севкупниот поредок од Австриецот, Марсел Хиршер кој денеска не настапи.