На 15 октомври, на саемот на автомобили во Брисел, „Опел“ ќе ја претстави тркачката верзија на најновата генерација на моделот „Астра“.
Моделот за натпреварување во класата на туристички автомобили за приватни сопственици, темелен на новата „Астра“, светската премиера ќе ја има на официјална „ТЦР“ презентација.
„Астра ТЦР“, која ја разви „Опел Моторспорт“, во соработка со долгогодишниот партнер,„ Кишлинг“, опремена е со дволитарски турбо мотор со околу 330 кс.
„ТЦР“ серијата, лансирана во сезоната 2015, дава можност за натпреварување на професионалните приватни тимови.
Секој „ТЦР“ модел може да се трка во националните и континенталните шампионати, како и во глобалната „ТЦР“ меѓународна серија, и тоа со сосема иста хомологација.
Германија ќе ја има својата сопствена „ТЦР“ тркачка серија – „АДАК ТЦР Германи“. Дополнително, „ТЦР„ класата ќе биде воведена и на патеката „АДАК 24 часа“ во Нирбургринг.