Сузуки подготвува нов компактен теренец

Од:

Јапонската компанија „Сузуки“ го најави концептот иВ-4, кој ќе биде претставен на Саемот во Франкфурт од 10 до 22 септември.


Станува збор за СУВ возило од ниска класа, со кое јапонскиот производител го најавува идниот сериски модел.


Сузуку објави само две затемнети фотографии на кои се гледа силуетата на возилото и предната светлосна група. Концептот иВ-4 би требало да се најде меѓу моделите Џими и Гранд Витара.



– Иако наследува некои елементи карактеристични за претходните СУВ модели на компанијата, како што е поделената маска во пет сегменти или обликот на хаубата, концептот иВ-4 со својот стил претставува модерен и иновативен автомобил, се наведува во краткото соопштение на јапонската компанија.


Повеќе детали за концептот ќе бидат познати по неговата премиера во септемри 2013 година.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on