Сузуки изработи прв сопствен дизел агрегат

Од:

Јапонскиот производител Сузуки го претстави првиот дизел агрегат во историјата на компанијата. Станува збор за дизел мотор со зафатнина од 793 кубни сантиметри и само два цилиндри, што ќе дебитира во моделот Марути Сузуки Целерио, наменет за индискиот пазар.

За разлика од останатите дизел мотори што Сузуки го користи во своите модели, а што се изработени или во фабрики на други производители или под лиценца, новиот мотор е целосно развиен од јапонската компанија.

Моторот е опремен со турбо полнач и има моќност од 48 коњски сили при 3.500 вртежи. Сузуки тврди дека Целерио опремен со дизел агрегат во просек ќе троши 3,7 литри на 100 километри.

Јапонската компанија, неведува дека главна цел било да се намали трежината, поради што за блокот на моторот е користен алуминиум, а благодарение на новиот замаец намалени се и вибрациите, карактеристични да моторите со два цилиндри.

Марути Сузуки Целерио Дизел во Индија ќе биде достапен со почетна цена од 6.400 евра.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ