Суспендиран стадионот на Ростов

Од:

На рускиот фудбалски прволигаш Ростов забрането му е да игра натпревари од тамошниот шампионат на својот стадион поради катастрофалниот состојба на теренот, пренесува „АП“.

Лидерите на руската Премиер лига ја донесоа оваа одлука по критиките на менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо по дуелот на двете екипи во Лигата на Европа кој заврши нерешено 1:1.

Португалецот минатата недела искажа низа критики за теренот во Ростов и го нарече ливада.

Се додека не се подобри состојбата, фудбалерите на Ростов кои во моментов се на 8.место во рускиот шампионатот, ќе мора натпреварите како домаќини да ги играат на друг стадион.

Би можело да ве интересира

Карпин го замени Черчесов за селекторската клупа на Русија

Ана Ололовска

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Голман удрен од гром за време на тренинг

А1он

Русите поднесоа жалба на одлуката за нивна четиригодишна суспензија

ФК Урал го ангажира Јовановски од македонската репрезентација

Ана Ололовска

Шурле на позајмица во Спартак од Москва

Млад фудбалер на Локомотив Москва пронајден мртов

Ана Ололовска