Судија му се закани на играч со смрт – УЕФА веднаш му го одзеде мечот од Лигата на шампионите

Од:

УЕФА објави дека направила вонредна промена на еден од судиите на натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу ПСВ Ајндховен и Спортинг Лисабон.

Италијанецот Фабио Мареска требаше да биде четврти судија на овој меч, но се најде во центарот на скандал и по итна постапка беше избришан од списокот.

Како што пренесува „Газета дело Спорт“, Мареска му се заканувал на еден од играчите со смрт за време на мечот во кувајтското првенство меѓу Кувајт и Ал Араби, каде тој ја делел правдата.

Откако тие обвинувања излегоа во јавноста, а целиот скандал стигна до првиот човек на УЕФА, тој беше отстранет од натпреварот од Лигата на шампионите за кој беше делегиран.

Како што соопштија од Европската фудбалска унија, на овој натпревар од елитното натпреварување на негово место ќе дојде неговиот сонародник Даниеле Довери.

Главен судија ќе биде Марко Гуида, а помошници ќе бидат Чиро Карбоне и Џорџо Перети.

Би можело да ве интересира

Влаховиќ си заминува од Јувентус

А1он

Ѓоковиќ објави доказ: За сите експерти во спортски повреди

А1он

Синер го брани Новак од неговиот претседател

А1он

Бинаги: „Голем пад за Ѓоковиќ“

А1он

Почина Дражен Далипагиќ

А1он

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето