Судиите во АБА лигата се заканија со штрајк

Од:

Одигрувањето на претпоследното коло од основниот дел на АБА лигата во редовниот термин е доведено во прашање, откако судиите во ова натпреварување се заканиле дека ќе стапат во штрајк, пренесуваат дел од балканските медиуми.

Според засега се уште неофицијални информации, АБА им должи на судиите за хонорари и други трошоци околу 150 илјади евра. Проблемот се појавил со згаснувањето на претходната фирма која беше сопственик на лигата и формирањето на новата, која сега управува со регионалното натпреварување.

Вкупно 33 судии на 20 декември минатата година испратиле предупредувачко писмо по што не добиле одговор, па се решиле на поконкретен чекор.

Посебно сериозни во заканата за штрајк се осум делители на правдата од Словенија, без кои ќе биде тешко да се состави судиска тројка за двата српско-хрватски дуела во 25.коло, со оглед дека на паркетот нема да може да се делегираат 17 судии од Хрватска и Србија.

Следното коло треба да го отворат МЗТ Скопје Аеродром и Тајфун на 26 февруари во СЦ „Јане Сандански“.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он