На 65. Салон на автомобили во Франкфурт, што ќе се оддржи во септември, компанијата „Субару“ ќе ги изложи своите два најнови концепта, „Субару Визив“ и „Субару WRX“.
Иако на годинешниот франкфуртски салон пристигнува без светски премиери, „Субару“ на публиката ќе и понуди увид во иднината на своите автомобили.
„Субару Визив“, што дебитираше во март во Женева, представува концепт на идната генерација на кросовери на овој јапонски производител. Ова возило укажува на правецот по кој дизајнерите и инженерите на „Субару“ ќе се движат во текот на креирањето на новите модели. Самиот назив претставува кованица настаната од англиските зборови „vision for innovation“.
„Субару“ објаснува дека нивната нова дизајнерска филозофија во еден автомобил ги спојува елегантниот спортски изглед и високата ефикасност во сите услови на возење и на сите видови подлога.
Погонскиот систем од типот плаг-ин хибрид ги комбинира 2.0-литарски дизел боксер мотор и два независна електрична мотора што се сместени одзади. Дизел агрегатот моќноста ја пренесува на предната осовина, а електромоторите ги придвижуваат задните тркала.
Моделот „WRX“ што првпат беше прикажан на саемот на автомобили во Њујорк, во април 2013 година, во Франкфурт ќе има европска премиера. Овој концепт го оддразува дизајнерскиот израз на идната спортска икона на „Субару“, моделот „WRX“.
Иако има силуета на купе, во прашање е автомобил со четири врати, долг 4.521 милиметри, широк 1.889 милиметри и висок 1.389 милиметри.
Идниот „WRX“ треба под хаубата да има четирицилиндричен 2.0-литарски турбо-полнет боксер мотор.