На претстојниот саем на автомобили во најголемиот американски град, премиера ќе има новата генерација на моделот „Импреза“ на јапоснкиот производител на автомобили „Субару“.
По концептните верзии на „Импреза“ со четири и пет врати, во Њујорк на 23 март ќе биде претставен продукцискиот модел. Засега не е прецизирано дали сериската „Импреза“ ќе биде изложена во двете каросериски варијанти, како седан и хечбек, или овој пат ќе се запознаеме само со еден од тие два модела.
„Субару“ како најава за светската премиера објави фотографија на која се гледа предниот фар и делови од маската на ладилникот и браникот на идната „Импреза“, што се малку поинакви отколку на концептните верзии.
Јапонскиот производител неодамна најави дека новата „Импреза“ ќе биде првиот модел на оваа марка што е темелен на новата глобална механичка платформа, што ќе биде основа за автомобилите со бензински, хибриден и електричен погон.