Субару Визив – кросовер на иднината

Од:

„Субару“ на Саемот на автомобили во Женева го претстави кросовер концептот „Визив“, кој треба да ги најави новите насоки на развој на дизајнот и технологијата на овој јапонски производител.

Името претставува кованица од англиските зборови „vision for innovation“ и покажува во која насока ќе се движи брендот во иднина. Новата дизајнерска филозофија на „Субару“ ги спојува во еден автомобл елегантниот спортски изглед и високата ефикасност во сите услови на возење и секаква подлога.

Концептот е со две врати, но е наменет за четири патници.

Визив е опремен со Субару боксер дизел хибриден мотор.

Погонскиот Плаг-ин Хибрди систем комбинира 2.0 литарски дизел боксер мотор и два независни електрични мотори кои се сместени во задниот дел. Дизелот силата ја пренесува на предните тркала, а електромоторите ги придвижуваат задните тркала.

Системот автоматски одредува кој погонски агрегат и во која мера ќе се користи за придвижување на автомобилот. Електромоторот го придвижува автомобилот од старт и во текот на побавно градско возење, додека дизел агрегатот ја презема својата примарана улога на автопат и при поголеми брзини.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on