Продажбата на возилата „Субару“ на пазарите во САД и Канада во првата половина на 2013 година го достигна најдобриот резултат на сите времиња за овој период од годината, токмукако и продажбата во јуни.
Продадените 204.597 автомобили во првите шест месеци во САД претставуваат зголемување од 24,5 отсто во однос на истиот период во 2012 година и соборување на рекордот од таа година што изнесуваше 163.304 единици.
Лидер во продажбата во првата половина од годината беше новиот „Форестер“ што на пазарот се појави во март 2013 година, а продадените 50.748 возила претставуваат зголемување од 36,8 отсто во однос на 2012 година.
Покрај овој модел, значаен резултат оствари и „Субару XV“, што во Северна Америка се продава под името „Crosstrek“, со 25.090 испорачани модели.
Најдобра јунска продажба на сите времиња во САД „Субару“ постигна со испорачаните 39.235 единици што претставува зголемување во однос на истиот месец во 2012 година од 41,6 отсто.
Најголем придонес во овој рекорд даде повторно новиот „Форестер“. Рекордно зголемување во продажбата во периодот од јануари до јуни 2013 година „Субару“ забележи и во Канада каде продаде 17.184 автомобили, што претставува зголемување од 16.9 отсто во однос на 2012 година.
И во Канада, како и во САД, носители на продажбата биле новите модели XV/Crosstrek и популарниот „шумар“ чија продажба скокна во првата половина од годината за цели 41,2 отсто.
„Субару“ во Канада го собори и својот јунски рекорд со продадени 3.200 модели (зголемување од 24.2 отсто) додека „Форестер“ со испорачаните 1.070 парчиња забележал раст на продажбата од 59 отсто во однос на истиот месец во 2012 година.