Одбојкарите на Струмица се наоѓаат на една победа до одбрана на титулата откако синоќа во вториот натпревар од финалната серија го победија Сушево.
Шампионот Струмица за разлика од првиот дуел кога победи со 3:2 во сетови, во вториот славеше со 3:1 (90:71 на поени).
Првиот сет Струмица го доби со 25:16, а во вториот беше 25:19. Во третиот сет Сушево намали откако го доби сетот со 25:15, а во следниот сет беше 25:11.
Следниот натпревар од финалето на плеј офот се игра на 30 април, а во сабота Струмица и Сушево ќе играат и во финалето на Купот.