Американката Бриана Стјуарт е избрана за најкорисна кошаркарка (МВП) на Светското првенство што се играше во Шпанија.
Покрај неа во идеалната петорка на Мундијалот се најдоа уште и Дајана Таураси (САД), Ема Месемам (Белгија) Елизабет Кејмбејџ (Австралија) и Есту Ндоур (Шпанија).
Шампионскиот трофеј, трет по ред и вкупно 10-ти го освои селекцијата на Соединетите Американски Држави кои во финалето ја победија Австралија со 73:56.