38-годишниот Англичанец Стјуарт Бингам е нов светски шампион во снукер. Тој доцна вечерва во Крусибл театарот во Шефилд го совлада сонародникот и светски шампион од 2005 Шон Марфи со 18:15.
Тој на патот до финалето ги елиминира двата најголеми фаворити, Рони О’Саливен и Џад Трамп.
Ова за него е прва титула и стана вториот најстар шампион по Реј Риардон кој имаше 45 години 1978-ма.
Ова финале ќе остане запаметено по 32 half centuries од 33 фрејма, а исто така урнат е и рекордот по бројот на троцифрени брејкови од 2009 година, вкупно 86 на целото првенство.
Бингам со овој триумф освои 300.000 фунти и се искачи на второто место на снукер листата, а исто така ќе подели и 10.000 фунти со Нил Робертсон за најголем брејк од 145.