Стив Кер официјално нов селектор на американскиот „дрим – тим“

Од:

Актуелниот тренер на НБА лигашот Голден Стејт, Стив Кер, денеска официјално е назначен за нов селектор на кошаркарската репрезентација на САД.

Кер (56) доаѓа на местото на 72-годишниот Грег Попович, под чие водство американскиот „дрим – тим“ го освои златниот медал на Летните олимписки игри во Токио.

Кер како играч има пет шампионски титули, додека како тренер три пати беше најдобар во НБА лигата (сите три како тренер на Голден Стејт 205, 2017, 2018). Под негово водство Голден Стејт и оваа сезона е при самиот врв во Лигата со ефект од 24 победи и осум порази.

Кер во 2016 година беше прогласен за најдобар НБА тренер, а во неговиот стручен штаб во американската репрезентација ќе биде актуелниот тренер на Феникс, Монти Вилијамс, или, тренерот на Мајами, Ерик Споелстра.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on