Холандскиот „Солар Тим“ од Технолошкиот универзитет во Ајндховен го претстави првиот семеен соларен автомобил во светот „Стела“.
Возилата на соларен погон што досега ги имаме видено во најголем дел се предвидени за едно лице, што не е многу практично. „Стела“ е соларно возило наменето за целото семејство и претставува светла иднина во светот на автомобилите.
Ефикасните соларни панели во комбинација со лесната конструкција на автомобилот дозволуваат „Стела“ да содржи радикални концепти како што се задни седишта и багажен простор. Освен тоа, автономијата на возилотo е околу 600 километри.
„Стела“ е енергетски позитивна“ што значи дека при вообичаено користење може енергијата да ја врати назад во електрична мрежа. Концептот ќе учествува на трката на соларни возила „Ворлд Солар Челинџ“, што ќе се одржи во октомври годинава во Австралија.
Солар Тим“ од Ајндховен планира и комерцијално производство на овој автомобил.