Македонскиот автомобилист и европски шампион Игор Стефановски – Иџе продолжува со успешните настапи во рамките на Европскиот шампионат на ридски патеки и оваа сезона.
Стефановски денеска победи на трката во Португалија и ова за него беше четврта победа во исто толку трки годинава.
Стефановски имаше вкупно време од 4:44.407 минути и беше за 210 стотинки побрз од Лукаш Војачек, а третото место го освои Никола Миљковиќ.
Следната трка се вози последниот викенд од месец мај (29-31.05) во Словачка.